Валандово подновено со нови улични светилки

Во Валандово, на делот од регионалниот пат кон Струмица, е поставено ново улично осветлување. Канделабри се протегаат од излезот на градот до индустриската зона „Раброво“.

Претходно, во рамки на истиот проект, ново улично осветлување беше поставено ина потегот од живинарската фарма „Агрипро“ до влезот на Валандово, како и во населените места Пирава, Јосифово, Брајковци, Балинци и Марвинци до клучката на автопатот Гевгелија-Скопје.

За реализација на активностите се потрошени шест милиони денари обезбедени од општинскиот буџет.

30.08.2014 - 13:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега