Со новата зграда на Министерството за финансии до поголеми заштеди и ефикасност

На местото на зградата од која Македонците се срамеа, а туристите се плашеа, сега има еден од најсовремените и најубавите објекти изградени во Македонија – новата зграда на Министерството за финансии.

1111

Со доградбата на овој објект е надминат проблемот што се јавуваше поради користењето различни локации во кои беше сместено Министерството за финансии, што го отежнуваше нормалното и ефикасно функционирање.

Ваквиот потфат трајно го реши деценискиот проблем од недостиг на просторни услови за работа, а државата со неговата изградба заштеди значителни средства за закупнина на објектите во кои функционираше Министерството.

00000

Премиерот Никола Груевски истакна дека ова е инвестиција од 15 милиони евра и дека до неа се стигнало со многу работа и посветеност, бидејќи имало многу проблеми за решавање и објектот со години бил заплеткан во спорови.

-Со оваа зграда се решија огромен број на проблеми. Првично, се заштедува на закупнина на сите објекти во кои досега функционираа институциите на Министерството за финансии. Годишно за оваа намена беа исплаќани 600.000 евра. Граѓаните сега нема да губат време да одат на повеќе локации за да ја завршат својата работа со овие служби. Исто така, ставивме крај на лошата слика од која граѓаните се плашеа, а туристите бегаа. На тоа место сега имаме една од најубавите згради во Скопје, истакна Груевски.

2222

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, истакна дека е посебно горд што оваа зграда припаѓа во смарт-згради и е насочена кон заштеда на енергија и заштита на околината.

-Кога се инвестира и се вложува време, енергија и средства, треба да кажеме што очекуваме од зградата. Очекувам во неа да се направат добри проекции за раст на македонската економија, очекувам секторот за макроекономија да биде на висина на задачата, очекувам буџетот и трезорот да продолжат со навремено исплаќање на обрските кон граѓаните, фирмите и планирањето на буџетот. Очекувам Бирото за јавни набавки да заштеди дополнителни средства за државата, очекувам секторот даноци и царина да ги задржи најниските даноци во Европа и да овозможи земјава и натаму да има најповолна бизнис клима..., рече Ставрески.

3333

Премиерот Груевски од оваа зграда очекува надлежните да продолжат со макотрпна работа, да создаваат повеќе услови за инвеститорите да доаѓаат овде и да вработуваат нови лица, како и министерот и министерството да работат за создавање на услови за повисоки плати, пензии и социјална помиш.

Распространет на 14.000 метри квадратни распоредени на 11 нивоа, ова е енергетски најефикасниот јавен објект во Македонија и еден од најсовремените во регионот. Вградени се најсовремени материјали за изолација, независен систем на затоплување и ладење со клима комори и стакло со високосоларен коефициент на трансмисија.

44444

Зградата спаѓа во групата СМАРТ згради - насочена кон заштеда на енергија и заштита на околината. Во неа е сместен и современ прес-центар, како и конференциска сала каде ќе се одржуваат конференции, состаноци и дебати меѓу стручни лица за соодветни намени. Изградена е и најсовремена компјутерска систем сала, направена по најстроги стандарди, која ќе овозможи непречено и стабилно функционирање на целокупниот компјутерски систем на оваа институција, а пред сè на Трезорот и Буџетот како витални сектори на Министерството за финансии и на платниот промет во државата.

30.08.2014 - 13:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега