САД и Шпанија стартуваа со високи победи на Мундобаскетот

Главните фаворити за шампионскиот трофеј на Светското кошаркарско првенство САД и домаќинот Шпанија со убедливи победи го започнаа првенството.

Во рамките од групата А, селекцијата на Шпанија го победи Иран со 30 поени разлика, додека Американците беа уште по убедливи совладувајќи ја Финска со 59 разлика.

Комплетни резултати по првиот натпреварувачки ден на СП.

Група А: Србија - Египет 64:85, Франција - Бразил 63:65 и Иран - Шпанија 60:90.

Група Б: Хрватска - Филипини 81:78 (по продолжение),  Порторико - Аргентина 75:98 и Грција - Сенегал 87:64

Група Ц: Украина - Доминиканска Република 72:62, Нов Зеланд - Турција 73:76 и САД - Финска 114:55

Група Д: Ангола - Јужна Кореа 80:69, Австралија -Словенија 80:90 и Мексико - Литванија 74:87.

31.08.2014 - 11:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега