Најпопуларна дестинација за Македонците минатиот месец бил Истанбул

На македонските аеродроми минатиот месец се регистрирани за 27 проценти повеќе патници во споредба со истиот месец лани, објави концесионерот на аеродоромите ТАВ Македонија.

Преку скопскиот аеродром „Александар Велики“ патувале 87.992 патници, а од охридскиот „Св. Апостол Павле“ 8.337, односно вкупно 96.329 патници.

 

Според ТАВ,  зголемен е и бројот на летови. Од јануари до мај годинава биле реализирани 4.564 операции на воздухоплови што е зголемување од 6,9 проценти во споредба со истиот период од 2012. Во мај годинава во споредба со мај лани е забалежано значително зголемување од 19,8 проценти.

 

Најпопуларна дестинација од скопскиот аеродром во мај, но и во текот на изминатите пет месеци, од јануари до мај, била Истанбул, по која следат Виена, Цирих, Лондон и Љубљана. Најмногу патници патувале со нискотарифниот авиопревозник „Визер“, па со „Туркиш ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“, „Адриа ервејс“ и „Пегасус ерлајнс“

најчитано сега