Министерот Адеми се сретна со градоначалничката на Тетово

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми денеска во Тетово се сретна со градоначалничката Теута Арифи.

- Денешната средба е во рамки на редовните средби што ние како општина ги имаме со претставниците на Владата. Го информирав министерот за нашите активности и мерки за почист град, можностите за нивна подршка на истите, како и за други прашања од сферата на екологијата, интегрираното управување со отпадот и слично. Очекуваме подршка од сите наши партнери за подобрување на состојбите во оваа сфера и повторно апелирам до граѓаните на општината активно да се вклучат во сите наши активности за почист град и општина рече Арифи.

- Во областа на управување со цврстиот отпад ја продолживме процедурата за избор на концесионер на регионалната депонија Русино што беше прекината поради локалните избори и имаме две пријави од реномирани компании што се бават со оваа работа од Австрија и Германија. Очекувам дека до крајот на оваа година ќе го избереме концесионерот. Во постапка е и активноста за прогласување на дел од Шар Планина како национален парк односно зачувување на Шара како природно наследство и отворање на можност за развој на руралниот туризам во соработка со општина Тетово, изјави Адеми.

Одговарајќи на новинарско прашање околу моменталните состојби со чистотата во градот, градоначалничката Арифи потенцираше дека постојано се работи за подобрување на состојбите за ова чуствително прашање со собирањето на сметот.

Адеми воедно ги образложи и причините зошто не присуствува на денешната заедничка седница на владите на Србија и Македонија во Белград.

- Ние како партија секогаш сме ја подржувале регионална соработка на земјите во регионот вклучувајќи ја тука и можноста за зеднички седници на владите на овие земји. Овие теми беа дискутирани на сите состаноци на премиерите од овие земји на кои беше договорено да има заеднички седници. Првата беше договорена да биде меѓу Владата на Македонија и Србија а ќе има и со владите на Албанија, Косово и Бугарија. Околу присуството на министрите тоа зависи од темите што се на дневен ред на тие седници. Темата за животна средина беше утврдена пред два дена, а јас бидејќи мојата агенда беше утврдена претходно не можев да присуствувам на седницата во Белград, но таму е мојот заменик кој ќе дискутира на темите за животната средина изјави Адеми.

ФОТО: Евести

најчитано сега