Пукање во скопско Арачиново: Двајца во болница

Две лица се повредени во престрелка која вчера вечерта се случила во скопско Арачиново, јавува Канал 5. Според објавените информации, по кратка расправија пред локалниот супермаркет, напаѓачот од возило испукал неколку куршуми кон една жена и двајца мажи. Претпоставките се дека жената им е мајка на мажите, но таа за среќа поминала без повреди, а нејзините деца се префрлени во болница и според информациите од таму, тие се надвор од животна опасност.
Полицијата трага по напаѓачот кој се уште е во бегство. Мотивите за нападот не се познати

01.09.2014 - 10:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега