Во Куманово запишани 1.162 првачиња

Започна учебната година за околу 17.000 основци и средношколци во Куманово. Според податоците на надлежните од секторот за образование од општина Куманово во прво одделение во 16 основни училишта во Куманово, запишани се 1.162 првооделенци.

- Оваа бројка на запишани првачиња е незначително помала, споредно со бројката на запишаните првооделенци во претходната учебна година за 40-тина ученици, вели раководителот на секторот за образование Миле Стојменовиќ.

Во 16 основни училишта денеска тргнуваат 11.334 ученици кои ќе следат настава од прво до дветто одделение. И оваа година има помал број на ученици запишани во основните училишта споредено со минатогодишната учебна година за 69 ученици. Денеска, во речиси сите  основни училишта беше организиран свечен прием за првачињата. Во општина Куманово, се почитува  реонизацијата при уписот на децата во деветолетката. Сепак, законски дозволено е родителот да го запише ученикот и во училиште кое самиот го одбрал, но само во случај, ако истото училиште има слободни капацитети за прием на ученици,појаснуваат од секторот.

За разлика од основното образование во општина Куманово, расте бројката на запишани средношколци. Од секторот посочуваат дека овој факт се должи поради тоа што, во петте средни училишта во општината се запишуваат и ученици од соседните општини, пред се од Липково и Старо Нагоричане.
"Лани во прва година беа запишани 1540 ученици.Пред неколку дена заврши последниот уписен рок,така што очекуваме и годинава согласно рамката која предвидува ресорното Министерство и оваа учебна година да има запишани сличен број ученици, информира Стојменовиќ.

На ниво на петте средни училишта новата учебна година започнува за над 6.200 ученици. И основните и средни училишта ги почитуваат препораките за презмање на  превентивните мерки на надлежните за заштита од епидемијата на жолтица.

Директорот на гимназијата „Гоце Делчев“, Горан Димтријевиќ нагласи дека минатата недела извршена е дезинсекција дезифекција и дератизација во и околу училиштето. Директорката на основното училиште „Христијан Карпош“ Лидија Костиќ посочи дека со учениците од прва смена веќе е разговарано како да се заштитат од жолтица, согласно препораките доставени од надлежните во училиштата.

01.09.2014 - 10:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега