Реал Мадрид и покрај водството од два гола загуби на гостувањето во Сан Себастијан

Најголемото изненадување во 2.коло од Примера синоќа го направи Реал Сосиедад, кој на домашен терен го победи европскиот шампион Реал Мадрид со 4:2, иако кралскиот клуб имаше водство од 2:0 по само 11 минути игра.

Домашните фудбалери најпрвин до крајот на првиот дел изедначија 2:2, а потоа во вториот дел со уште два гола остварија и победа од 4:2.

На другите натпревари од 2.коло беа постигнати резултатите: Виљареал – Барселона 0:1, Депортиво – Рајо Ваљекано 2:2, Елче – Гранада 1:1, Еспањол – Севиља 1:2, Атлетико Мадрид – Еибар 2:1, Атлетико Билбао – Леванте 3:0, Кордоба – Селта 1:1, Валенсија – Малага 3:0 и Хетафе – Алмерија 1:0.

Барселона е единствената екипа со максимални 6 бодови.

01.09.2014 - 11:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега