Тешка сообраќајка пред Охрид

Околу 6 часот утрово на патниот правец Охрид- Кичево, меѓу селата Требеништа и Мешеишта се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички возила- „Форд“ со скопски регистарски таблици и „Мазда“ со австриски таблици, пренесува Охрид Њус.

- Во сообраќајната незгода полесно се повредени две лица кои се згрижени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св. Еразмо“ и се вон животна опасност, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

До сообраќајната незгода дошло кога патничкото возило „Мазда“, поради невнимание, преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во другото возило.

01.09.2014 - 13:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега