Мафијашка пресметка во Арачиново: Се бркале со автомобили и пукале

Вчера, околу 16,30 часот додека Џ.Б.(30) и Џ.Б.(46) двајцата од с. Арачиново седеле во ресторан „Сити“ во Сингелиќ, забележале дека ги следи А.С.(23) од истото село, со кого претходно имале нарушени меѓучовечки односи. Откако Џ.Б.(30) и Џ.Б.(46) со своето патничко возило „Мерцедес“ пошле во правец кон с. Арачиново, патот им бил попречен од две возила, според кажување на оштетените “Голф” и “Опел Зафира” од кои едното управувано од А.С, а другото веројатно од Б.С.(40) во кои имало повеќе лица и истите пукале кон патничко возило „Мерцедес“ при што го оштетиле истото. Џ.Б.(30) и Џ.Б.(46) успеале да стигнат до нивната куќа во с. Арачиново каде од куќата излегле нивни роднини кои со камења започнале да фрлаат кон возилата притоа оштетувајќи ги. Лицата со огнено оружје пукале кон М.Б.(19), Н.Б.(23), Ф.Б.(28) и Р.Б.(53) нанесувајќи им повреди. Повредените се хоспитализирани во Градската болница „Свети Наум Охридски“, а Н.Б. во Клинички центар Скопје. На местото на настанот увид изврши ЈО и екипи од СВР Скопје. По преземените мерки идентификувани се учесниците во инцидентот, при што приведени се Н.С.(50), Р.С.(45) и Г.С.(42) од с. Арачиново, додека по останатите три лица МВР сеуште трага. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “убиство во обид”.

01.09.2014 - 13:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега