Нема да ви се верува колку илегалци открила полицијата во вагон со јаглен кај Велес

Вчера околу 17,30 часот на железничка станица Велес од товарен воз кој превезувал јаглен од Солун во повеќе вагони откриени се преку 100 илегалци од Сирија и Ирак, на различна возраст. Веднаш се преземени мерки за згрижување на лицата и преземање на мерки согласно процедурите. Со поголем дел од илегалците не била можна комуникација и не знаеле ниту каде се наоѓаат нити знаеле да посочат од каде дошле или каде одат, иако некои од нив со себе имале пластични кеси со логото на Лидл. Со мал дел од нив е остварена комуникација и утврдено е дека не се сите заедно и дека се збир од повеќе групи, а секоја група си имала свој водач низ земјите од кои патувале од Сирија преку Турција и Грција до Македонија. Според кажувањата од Сирија кон Турција не им требал водич ниту платиле нешто на некого, но од Турција за да влезат во Грција дел од нив плаќале и по 3.200 евра по човек. Од Грција за да дојдат до Србија им било побарано од 600-800 евра по човек, а плаќањето било договорено да биде во Србија, откако ќе биле преземени. Од извршениот разговор како едно од местата на качување во возот, била посочена Железничката станица во Идомени-Р.Грција каде илегалците не биле забележани од никого. МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

01.09.2014 - 13:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега