Работник падна од зграда во Гостивар

Триесет и осум годишен градежен работник е тешко повреден при пад од четврти кат од објект во изградба во Гостивар.

Според СВР Тетово, несреќата се случила утрово, околу 8 часот и 20 минути, кога Г.З. изведувал градежни работи на објект на улицата „Никола Парапунов“ во гостиварската населба Малеарди. Од паѓањето, работникот се здобил со телесни повреди, по што е пренесен во гостиварската болница. По укажаната помош поради сериозноста на повредите, префрлен е на скопските клиники.

Јавен обвинител, екипа од Полициската станица Гостивар и претставници од Државниот трудов инспекторат извршиле увид на местото на несреќата. Се расветлуваат околностите, како и зошто дошло до падот и поединостите поврзани со несреќен случај.

01.09.2014 - 16:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега