Тешка сообраќајка пред Прилеп - повредени повеќе лица

Пред 20-30 минути се случи тешка сообраќајна несреќа кај Институтот за тутун поточно кај новите гробишта во Прилеп помеѓу две патнички возила „Алфа – Ромео“ и „Опел“.Како што јави порталот Шеталиште до сообраќајната несреќа дошло при директен судир на двата автомобили, а повредени се 7 лица и итно се пренесени во градската болница во Прилеп.

Полицијата е на местото на несреќата и врши увид, а наскоро со повеќе информации.

За сообраќајната несреќа се уште немаме официјална потврда од полицијата

01.09.2014 - 19:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега