Заев откри кој му ја дал снимката

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска пред скопскиот граѓански суд  тврдеше дека снимката со која се обиде да добие политички поени пред изборите му ја дал Ден Дончев. Ваквите тврдења на Заев доаѓаат само еден ден откако повеќе медиуми отворија сомнеж дека снимката можеби била монтирана од грчки тајни служби. 
Премиерот Груевски, денеска рече дека е многу навреден од постапката на Заев и дека објавувањето на снимката му нанела душевна болка и штета на неговиот личен углед.
Вчера, Газда Нини пред Судот потврди дека снимката со која Заев мафташе пред изборите е наместена и рече дека тој не го познава ниту Груевски ниту Заев и дека никогаш не договарал куување на банката во кеш. 

02.09.2014 - 10:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега