Денеска многу дожд - од четврток магла

Во Македонија во вторник ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Попладне се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, а локално понекаде ќе наврнат и над 30 литри дожд на метар квадратен кои што можат да предизвикаат и поплави. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 12°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 26°C.

Во Скопје во вторник ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 24°C.

Во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо.  И во среда се очекуваат понекаде врнежите да бидат поинтензивни, па локално можно е да наврнат и до 30 литри дожд. Во доцните попладневни и во вечерните часови врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 19°C, а максималните дневни ќе достигнат до 17°C односно до 25°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла. Претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува слаб североисточен и источен ветер. Утринските температури од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 19°C до 27°C.

 

 

02.09.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега