ВНИМВАЈТЕ: Денеска цела Македонија во жолта фаза - опасност од невреме

Речиси цел ден ќе биде облачно. Сончеви периоди ќе има претпладне, но само локално и ретко, и тоа повеќе во источната половина од земјата. Облачноста ќе донесе и значителни врнежи од дожд. Локално, особено во јужната половина од земјата се очекува да наврнат и над 35 литри дожд на метар квадратен. Повремено врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи. 

Утрото ќе биде релативно топло. Минималната температура ќе биде во границите од 15°С до 21°С

 

Дневната температура ќе биде значитело пониска во однос на понеделник. Максимална температура околу 24°С се очекува во северната половина на земјата, во југозападниот регион околу 22°С. Најтопло ќе биде на југоисток, но само до 26°С.

Метеоалармот издаде предупредување од жолта фаза за цела Македонија

02.09.2014 - 10:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега