Гечевски и Чековски го облекоа дресот на Работнички

Повеќекратниот шампион на Македонија во кошарка Работнички го формира тимот за новата натпреварувачка сезона. Во редовите на екипата од „Градски парк“ како засилувања дојдоа Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски, кои до ланската сезона успешно го носеа дресот на големиот ривал и шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Двајцата кошаркари синоќа беа присутни на тренингот во салата во Градски парк, каде имаше и стотина навивачи. Покрај овие двајца играчи тренерот Марин Докузовски, ќе работи и со репрезентативците Дарко Соколов и Марко Симоновски, додека во тимот од ланската сезона остануваат Јане Петровски, Димитар Мираковски и Марјан Ѓуров.

Амбициите на повеќекратниот шампион се да ја врати титулата, а раководството на клубот ќе се потруди во следниот период да донесе уште некое засилување (пред се од странство), по кое би следеле и контролните натпревари пред почетокот на сезоната.

02.09.2014 - 11:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега