„Оставете ми ги децата пукајте во мене“ - арачиновка доживеала хорор

„Оставете ми ги децата, пукајте во мене“, извикувала 53 годишната арачиновска во неделата попладне откако била нападната заедно со нејзините тројца синови, пишува Утрински весник

Викотниците додека ги молела напаѓачите да не и ги убијат децата ги слушнале соседите, а веднаш потоа напаѓачите ја раниле, заедно со нејзините чеда, кои веднаш потоа биле префрлени во болница. 

Тројца од повредените биле пренесени во Градската болница во Скопје и тие се надвор од животна опасност, додека најкритична е состојбата кај 23-годишниот Н.Б., кој е на лекување во Клиничкиот центар. Нему му било пукано во чело, а кога паднал бил прегазен со автомобил, тврдат неговите роднини.
Полицијата упаси тројца од напаѓачите, а по други тројца се трага. Според првичните сознанија, причина за крвавиот напад се поранешни недоразбирања.

- Децата работат на Кванташки пазар. Во недела биле на работа, сакале да си одат, биле нападнати, дошло до тепачка, биле следени од три возила, децата успеаа да дојдат дома. Ние бевме собрани во дворот, сега имаме и повеќе гости затоа што еден од браќата ќе прави свадба неделава. Без да кажат ниту збор, извадија „калашникови“ и почнаа да пукаат кон нас. Излезе мајката на децата и им рече: „Оставете ми ги децата, пукајте во мене!“ И тие и во неа пукаа - раскажуваат за „Утрински“ шокираните роднини.

Според МВР, инцидентот се случил во неделата околу 16.30 часот додека Џ.Б. (30) и Џ.Б. (46) од Арачиново седеле во ресторан во Синѓелиќ. Забележале дека ги следи нивниот соселанец А.С. (23), со кого од порано биле во кавга, поради што со својот „мерцедес“ тргнале дома. Според нивните кажувања, патот им бил попречен од „голф“, управуван од А.С. и „опел зафира“, управуван од Б.С. (40), во кое имало повеќе лица. Напаѓачите припукале кон „мерцедесот“, но двајцата браќа успеале да стигнат до семејната куќа. Тука, според полициското соопштение, излегле нивни роднини и со камења почнале да фрлаат кон напаѓачите, кои, пак, извадиле оружје и стрелале кон домашните. Ранети се Р.Б. (53) и нејзините три сина М.Б. (19), Н.Б. (23) и Ф.Б. (28). Набргу, полицијата ги уапси Н.С. (50), Р.С. (45) и Г.С. (42), сите од Арачиново, а тројца се во бегство. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за убиство во обид. 

Извор: Утрински

ФОТО: Утрински

02.09.2014 - 11:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега