Уништени 997 стебла „канабис сатива“

Во печките на фабриката „Југохром Фероaлојс“ во тетовско Јегуновце вчера беа уништени вкупно 997 стебла „канабис сатива“, информираат од МВР.

Уништените стебла, на 12-ти, 18-ти и 23-ти минатиот месец биле пронајдени на три различни локации во Тетовско. Во атарот на Селце, полициски службеници на СВР Тетово пронашле и искорнале 22 стебла, во Фалише 160 стебла и во месноста „Ѓусијал“, во близина на Требошкиот канал, 815 стебла.

Уништувањето на стеблата го организираше и следеше четиричлена Комисија на СВР Тетово, во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а присуствуваа и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

02.09.2014 - 13:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега