Македонска работа: Вработен во Црвен Крст крадел од собраните пари

Полицијата во Битола поднесе кривична пријава против битолчанецот Н.Х.(58), секретар на Општинската организација Црвен крст од Битола за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Пријавениот пречекорувајќи ја својата службена положба и овластување како скеретар на Црвен крст-Битола во периодот од месец јуни до месец август 2011 година присвоил парични средства во висина од 2.170 евра, пари кои биле уплатени од волонтери од Клубот на млади за патни трошоци за престојување во летен камп во Бурса-Турција.

02.09.2014 - 13:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа