Жолтицата на попушта: За еден ден 4 нови случаи во Скопје

Вчера се регистрирани четири нови случаи на жолтица во Скопје, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје. Заразените се од различни општини од Шуто Оризари, Чаир, Центар и Кисела Вода. Две се деца, а двајца се возрасни на 31 и на 60 годишна возраст. Од ЦЈЗ Скопје за zdravstvo24.mk информираат дека во еден случај се работи за пренос на заразата. Заболен брат ја заразил помалата сестра во Шуто Оризари. Досега во главниот град се евидентирани вкупно 98 заразени со хепатит А. Од нив 19 се хоспитализирани на Инфективната клиника.Поради епидемијата на жолтица вчера училишната година стартуваше со засилени санитарно хигиенски мерки. Екипи од ЦЈЗ Скопје се постојано на терен и вршат едукација во училиштето како децата да се заштитат од ова заразно заболување.

02.09.2014 - 14:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега