Почна со работа центар за ран детски развој во Долно Лисиче

Во населбата Долно Лисиче во рамките на ЈУДГ „Буба Мара“ од општина Аеродром, профункционира со работа центарот за ран детски развој „Слонче“.

- Децата на возраст од 3 до 6 години од Долно Лисиче имаат можност да посетуваат предучилишна програма, со цел да им се обезбеди правилен психо-физички и социо-емотивен развој, се наведува во соопштението.

Центарот за ран детски развој е отворен во соработка со УНИЦЕФ во рамки на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“.

02.09.2014 - 14:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега