Боцевски: Заев се покажа како очајник

Уште кога беше лансирана таканаречената афера, јас кажав дека станува збор за краен политички аматеризам и за потег кој ќе му се скрши од глава на оној што го иницира.

Ова го истакна аналитичарот Ивица Боцевски на вестите на Сител, па додаде дека аферата воопшто не го смени мислењето на граѓаните.

- Заев тука се покажа како очајник, како човек кој од фиока вади некои нешта кои што треба да го сменат мислењето на граѓаните и беше сосема јасно дека тоа беше еден ќор фишеk кој на крајот ќе им прсне во лице  на оние кои го иницирале и тоа се случува. Да се разбреме, многу помудри луѓе кажале дека историјата никогаш не се повторува освен како фарса. Зоран Заев сакаше да има голeмо уво како што на времето имаше Бранко Црвенковски, меѓутоа наместо големо уво еве со што завршува целата работа. Завршува со една комедија, заклучи Боцевски.

Оваа воопшто не прилега на една партија која што претендира да биде главна опозиција и коректор на власта. Она што можеше да се забележи кај опозициските медиуми, додаде тој беше дека тие очекуваа во судницата на сведочењето на Нини да се случи некое откровение.

-Целокупната јавност беше подготвувана за некоја сензација и на крајот се случи она што беше сосема очигледно дека ќе се случи, односно дека СДСМ испукале еден ќор фишег и се потпреле на некои чудни аудио-ленти кои што не се предмет на анализа на било кој што претендира да биде премиер, претседател или водечка фигура како што тоа треба да биде лидерот на СДСМ, подвлече Боцевски.

СДСМ по изборите влезе во една „каша“, додаде тој, од која што не можат да излезат: го бојкотираат собранието, правеа паралелни парламенти, правеа паралелни влади, најавуваа 5000 тимови...

-Оваа партија се губи во некое политичко лудило а во меѓувреме и самите гледате што се случува на политичката сцена. Имавм една конференција во Берлин, деновиве секоја држава пристапува кон ревизија на своето законодавтсво токму заради подемот на исламските екстремисти. Сето тоа ќе биде многу поинаку доколку опозицијата активно учествува во тоа, заклучи Боцевски.

Во СДСМ постои едно екстремно крило на колумнисти, идеолози, новинари и така натаму кои што го туркаат во некој налудничав радикализам, смета аналитичарот Боцевски и додава дека резултатите се многу негативни.

-Се доведоа до ситуација, каде пред летото кога традиционално се прават последните испитувања за јавното мислење, за прв пат во современата историја на Македонија СДСМ не беше ниту на ниту на првото, ниту на второто, туку на третото место зад ДУИ. Уште неколку вакви глупости тој рејтинг ќе оди уште надоле, истакна тој и  додаде дека фундаменаталниот проблем на СДСМ е што тие немат никаква понуда за граѓаните.

Во политиката постојат и темни сили, како што истакна Боцевски, а во случајот на Македонија тоа е Грција кои отворено бараат поништување на македонската државност и идентитет.

 -Јас не ја исклучувам можноста дека од такви понуди е можно да дојде до разни фабрикации кои што се однесуваат на нарушување на угледот на Република Македонија, истакна тој, во однос на можноста снимката да била монтирана.

 

02.09.2014 - 15:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега