Клуч на врата за позната сендвичатра во центарот на Скопје - луѓе се пожалиле на труење

Државниот санитарен инспекторат превентивно ја затвори познатата скопска сендвичарница во центарот на градот, откако семејство од Штип се пожали дека се затруло со нивната храна. За случајот не се откриваат повеќе информации. Семејството пред неколку дена се пожали дека позната сендвичара во центарот на Скопје им продала расипана храна а тие по консумацијата, морале да се јават во болница.
Претходно, Државниот санитарен инспекторат ја затвори сендвичарата во скопско Драчево, откако педесетина луше беа затруени. Анализата покажа фекални бактерии и салмонела во објектот и храната. 

02.09.2014 - 23:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега