Десетто четвртфинале за Федерер на УС Опен

Вториот носител Рожер Федерер се пласира во четвртфиналето на УС Опен откако ноќеска славеше во три сета со 3:0 против Роберто Баутиста.

Тој го обезбеди своето десетто четвртфинале на овој турнир. Федерер во следната рунда ќе игра против Гаел Монфилс, кој со ист резултат го победи Григор Димитров.

На другите два осминафинални дуела кај мажите одиграни синоќа Марин Чилиќ со 3:2 во сетови го совлада Жил Симон и тоа за него ова беше прв триумф во меѓусебните дуели. Чилиќ во четвртфиналето ќе игра против Томаш Бердих, кој со 3:0 славеше над Доминик Тием.

Кај жените двата четвртфинални меча не донесоа голема борба. Каролине Возниачки на Сара Ерани и препушти само еден гем – 6:0 и 6:1 во гемови, додека Шуаи Пенг и дозволи на Белинда Бенчиќ да освои само три гема – 6:2 и 6:1 во гемови. Овие две тенисерки ќе играат во полуфиналето.

Вечерва на програмата се четвртфиналните дуели кај жените: Серена Вилијамс – Флавиа Пенета и Викторија Азаренка – Екатерина Макарова.

Исто така ќе се одиграат и два дуела од четвртфиналето кај мажите: Новак Ѓоковиќ – Енди Мареј и Стан Вавринка – Кеи Нишикори.

03.09.2014 - 10:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега