Тетово: Уапсени тројца албански илегалци

Во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ, полицијата открила и привела тројца албански државјани кои нелегално влегле во Македонија, информираат од СВР Тетово.

Двајца од илегалците,19- годишниот И.З. и И.М. (23), биле откриени вчера вечерта околу 20:30 часот во месноста „Цигански гробишта“ во атарот на тетовското село Јажинце.

Тие биле забележани, а потоа приведени од службеници на Полициската станица за граничен надзор Рогачевово при обид илегално да влезат во нашата земја од територијата на Косово.

Албанските државјани, од кои едниот имал, а вториот немал никакви документи, се задржани во Полициската станица Тетово, a денеска се предадени за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Третиот албански државјанин, 21- годишниот Ф.Ѓ од Кукс, кој непријавено престојувал на подрачјето, бил фатен ноќеска половина час по полноќ во близина на бачило во атарот на Селце-Кеч. И тој е задржан и предаден за натамошна постапка, по што тројцата ќе се соочат со законски предвидените санкции за нелегален влез и непријавен престој.

Тројцата албански државјани ќе бидат депортирани во нивната матична земја.

04.09.2014 - 13:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа