Македонија тргнува во потрага по вонземјани

Првпат во Македонија денеска и утре се одржува глобалниот настан Space App Challenge, во рамките на кој треба да бидат изнајдени решенија за глобалните потреби на животот на Земјата и вселената. Настанот се организира втор пат во историјата на НАСА. Скопје е една од 83-те локации во светот, каде што тој се одржува.  

Во следните 48 часа стотина програмери, инженери, научници, студенти, експерти, професори и ентузијасти од Македонија и светот групно ќе работат на десетина различни предизвици за изнаоѓање на хардверски и софтверски корисни решенија за глобалните потреби на Земјата и пронаѓање живот надвор од неа

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска присуствуваше на отворањето на настанот и притоа истакна дека ова е значаен натпревар за Македонија за формирање на нашите претприемачи, програмери и развивачи на програми.

- Уште еднаш ќе можеме да покажеме во светот дека не е со до факултет туку е до квалитет. Да докажеме дека Македонија е земја на информатичари и дека покрај тоа што сме мала земја, ние умествено сме силна и способна рамо до рамо со која било земја. Токму затоа и НАСА ја селектира и Македонија да биде меѓу тие градови кои денеска ќе се натпреваруваат за ИТ апликации, изјави Ивановски.

Според него, Македонија е избрана за ваков настан поради фактот што земјата има развиено информатичко општество и тоа може да се покаже со голем број примери.

Ивановски истакна дека ваквите натпреварувања се прават за да се привлече вниманието на најкреативните, со цел да им се овозможи да се едуцираат, да создадат нова апликација или ново решение кое ќе има голема додадена вредност на нашето општество.

Најдобрите решенија ќе бидат наградени, а проектите ќе бидат оценувани од реномирани стручни лица од индустријата и академијата, за подоцна да се вмрежат со победничките решенија на меѓународно ниво.

Локален партнер и организатор на настанот е една од најголемите ИТ компании во Македонија 

најчитано сега