ФОТО: Македонец ја тужи црквата во Чикаго

Македонецот Роберт Стефановски ја тужи црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Чикаго, по основа за инцидент кој се случил на 26 Април 2014 година. По тој повод на 10 август годинава бил одржан вонреден состанок на советот на Црквата.  

Како што пишува MKDnews на 26ти Април 2014 година лицето Р.С. и лицето Г.К. почнале да се расправаат во салата во склоп на црквата, по што на иницијатива на Р.С. излегле надвор во дворот на Црквата каде Р.С. се здобил со неколку повреди во делот на ногата и главата.

Според нашиот извор Црквата го повикала Стефановски на разговор со цел да се откаже од тужбата , но тој не прифатил да се откаже од тужбата. 

 

05.09.2014 - 09:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега