Прилеп: Изложба на дела од ликовната колонија „Дрен“

Во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Дрен“, што се одржа од 27 јуни до 26 јули годинава.

Посетителите ќе имаат можност да видат 30 дела што ги создадоа 12 уметници од Србија, Русија и од Македонија. Колонијата „Дрен“ традициционално се одржува во манастирот „Свети Илија“.

Со изложбата од ликовната колонија „Дрен“ официјално завршува и Прилепското културно лето. Од јуни до септември манифестацијата понуди околу 30 настани: концерти, изложби, манифестации, меѓу кои и „Изворен фолклор на балканските народи“.

05.09.2014 - 09:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега