Магла, дожд, есен: Викенд временска прогноза

Во Македонија во петок во текот на денот ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат во попладневните часови. Ќе дува слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 20°C, а максималните дневни ќе достигнат до 18°C односно до 28°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 25°C.

Облачно со врнежи од дожд ќе биде и во сабота. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 28°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 19°C, а максималните дневни температури од 18°C до 28°C. 

 

 

05.09.2014 - 11:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега