Штипјани наскоро ќе си добијат зоолошка градина

За два месеци штипјани ќе добијат зоолошка градина. Истата ќе биде позиционирана во рамките на постоечкиот градски парк, а ќе се простира на површина од 5000 квадратни метри. 

Инвеститор ќе биде јавното претпријатие „Исар“, кое и ќе стопанисува со зоолошката градина. 

Моментално се подигаат домовите за животните, се изведува оградата, додека во наредниот период ќе се пристапи кон реализација на влезовите во паркот, планираното езеро и детското игралиште со простор наменет за настава на отворено.  

Планирано е да се постават 40-тина боксови, во кои ќе бидат сместени неколку видови на животни кои ќе ги донираат штипски компании.

Од ЈП „Исар“ најавуваат дека цената на влезниците ќе биде симболична.  

Зоолошката градина во Штип ќе биде права во источниот дел на земјава и трета во земјава.

05.09.2014 - 12:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа