Спасов: По 12.000 денари за децата од социјлно загрозени семејства

Учениците од средно образование од семејствата приматели на социјална парична помош и оваа година ќе добијат дополнителна помош во висина од 12.000 денари, истакна денеска на прес-конференција министерот за труд и социјална политика ,Диме Спасов.

- На секој корисник годишно ќе му се исплаќа по 12.000 денари, а исплатата се вриши на четири еднакви износи од по 3.000 денари. Овој износ останува непроменет и за оваа учебна година при што очекуваме дека годинава 9.000 ученици ќе го остварат ова право, рече Спасов.

Додаде дека оваа помош се реализира веќе пет години и потсети на условите за користење на Програмата.

- Корисникот потребно да е запишан како редовен ученик во средно образование, редовно да ја завршил претходната учебна година и да е на средношколска возраст. Корисникот може да користи условен паричен надоместок за средно образование се додека е редовен ученик и да присуствува најмалку 85 проценти од вкупниот број на реализирани часови. Исплатата ќе се врши на мајката на корисникот или на носителот на правото на социјалната парична помош определен од страна на центарот за социјална работа, појасни Спасов.

Министерот ги повика родителите корисници на социјална парична помош кои имаат дете средношколец, најдоцна до 30 септември да поднесат барање до меснонадлежниот Центар за социјални работи за користење на правото на Условен паричен надометок.

За реализација на Програмата што и оваа година ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјални работи, министерствата за образование и за финансии предвидени се 108 милиони денари.

05.09.2014 - 13:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега