Кочани: 560 граѓани поднеле барање за отпис на долговите

Во Центарот за социјални работи во Кочани по повеќе основи, во определениот рок поднесени се 560 барања за отпис на долгови. 

- Опфатени се три категории на граѓани од Кочани, а тоа се корисници на социјална и постојана парична помош, невработените лица активни баратели на работа во текот на 2013 година и лицата кои се нашле во одреден социјален ризик. Најмногу од 560 барања се однесуваат на отпис на направени сметки за електрична енергија кон ЕВН и радиодифузна такса, а помалку барања кон банките, вели Весна Даневска, директор на Центарот за социјални работи од Кочани.

Даневска истакна дека барањата се веќе примени и доставени до Министерството за труд и социјална политика и од таму очекуваат повратна информација за тоа кои лица ги исполнуваат условите за отпис на долговите.

05.09.2014 - 14:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега