ФОТО: Индијанецот од Широк сокак се чувствува како Македонец

Индијанска музика секојдневно се слуша на плоштадот Магнолија на Широк сокак во Битола. Пријатните звуци како да доаѓаат од Андите, а не од градот под Пелистер. Облечен во кожено руво, со пердуви на главата, Индијанецот Персиј Вилка Kарбархар (42) свири на стари инструменти и танцува. Вели дека има потекло од племето на Инките од Перу, Јужна Америка, а пред шест години неговата животна мисија, да ја промовира индијанската музика низ светот, го донела во Македонија.

- Имам индијанско потекло. Јас сум од потомците на Инките. Тоа е стара култура со голема историја. Моите предци верувале во богот на Сонцето, а јас тука, во Македонија, како да дојдов во земјата на сонцето. Го имате на вашето знаме, но имате и многу сончеви денови, кои будат оптимизам и пријатно чуство. Ова е мојот втор дом и тука музиката ми излегува од душата – ни рече на македонски јазик музикалниот Индијанец од Широк сокак.

Тој е член на групата „Инкаспирид“ или „Духот на Инките“, која ја сочинуваат талентирани музичари од Перу со индијанско потекло. Досега снимиле повеќе албуми со индијанска музика и пред повеќе години тргнале на пат низ светот и да го шират индијанскиот фолклор. Целта им била да го зачуваат од заборав, но и да заработат. Едниот од музичарите останал во Италија, другиот во Финска, третиот во Грција, а Персиј – кај нас во Македонија

Извор: Курир

05.09.2014 - 14:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега