Велешани си полнеле бензин со фалсификувани банкноти

Вчера околу 15,30 часот во велешката полиција, лицето С.О кое е вработено во безниската пумпа на „Мак Петрол“ пријавило дека две лица со патничко моторно возило „Опел Корса“ пуштиле во оптег фалсификувана банкнота од 1.000,00 денари.

Од страна на полициските службеници превземени се мерки, при што се затекнати лицата Р.З.(1978) и Џ.З.(1974) од село Г.Јаболчиште, при што кај истите се пронајдени и одземени три банкноти од по 1.000,00 денари со сериски броеви БН8113535, БА3938951 и ГА9732611, а во возилото се пронајдени една банкота од 500,00 денари со сериски бр.ВА3086932 и од 100,00 денари со сер.бр.МЊ275961, за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Лицата се приведени, банкнотите ќе бидат доставени за вештачење, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

06.09.2014 - 13:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега