Скопје: Претепан 11- годишен ученик

Вчера околу 11,30 часот во Скопје на улицата „Рокомија“ бб поточно во ОУ. „Панајот Гиновски“, од страна на 5-6 ученици од паралелки од истото училиште, физички бил нападнат К.Б.(2003) од Скопје, при што бил удиран со тупаници и клоци во пределот на телото и лицето. Истиот се здобил со видливи повреди во пределот на лицето (модринка) на десното око.

Причина за физичкиот напад е претходна расправија околу играњето во спортската сала, а се расправале во просторија за пресоблекување.

06.09.2014 - 13:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега