Продолжува агонијата во СДСМ

Откако Основниот суд Скопје 2 донесе пресуда дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е виновен поради тоа што ги  повредил личните права, честа и угледот на претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, СДСМ во своите редови почна да ги бара виновниците за ваквото фијаско.

Според партиски извори, СДСМ внатре во партијата бара виновници за дебаклот и осудата за клевета според која беше констатирано дека Заев искажал лаги и клевети со тврдењата во случајот за „Македонска банка“. Виновниците за ваквиот голем неуспех, според партиски зивори сега лидерот на партијата ги бара помеѓу колегите од раководството, ПР тимот и адвокатскиот тим.

Според истите извори, прстот на адвокатскиот тим за големите пропусти во целиот процес  бил вперен кон Мирослав Вујиќ, а Вујиќ наводно се правдал со тоа дека тој делувал по барање на неговиот клиент, кој ги изнел информациите за снимката и за сведокот.

По исказот на „Газда Нини“, клучниот сведок на СДСМ кој рече дека нема никаква врска ниту со еден во судницата, како и дека на било кој начин е поврзан со тврдењата на Заев, јасно беше дека Заев ќе бара виновници помеѓу неговото најблиско опкружување.

Според познавачите, причина за ова секако е аматерскиот обид на водење на политичка хајка за која се покажа дека е незаснована на вредни докази и аргументи. По ваквата судска разврска и по катастрофалниот настап на Заев кој пред судот ретерираше од првичните тврдења, агонијата во најголемата опозициска партија продолжува преку барање на виновникот за судскиот дебакл.

Аналитичарот Ивица Боевски вели дека уште кога била лансирана таканаречената афера, сметал дека станува збор за краен политички аматеризам и за потег кој ќе му се скрши од глава на оној што го иницира.

- Заев тука се покажа како очајник, како човек кој од фиока вади некои нешта кои што треба да го сменат мислењето на граѓаните и беше сосема јасно дека тоа беше еден ќор фишеk кој на крајот ќе им прсне во лице  на оние кои го иницирале и тоа се случува. -Целокупната јавност беше подготвувана за некоја сензација и на крајот се случи она што беше сосема очигледно дека ќе се случи, односно дека СДСМ испукале еден ќор фишег и се потпреле на некои чудни аудио-ленти кои што не се предмет на анализа на било кој што претендира да биде премиер, претседател или водечка фигура како што тоа треба да биде лидерот на СДСМ, вели Боцевски.

Во екот на кампањата од парламентарните избори Заев убедуваше за вмешаност на лидерот на ВМРО ДПМНЕ во случајот, потоа на судот убедуваше дека немал тврдење туку само прашања, за што се покажа дека повторно не е вистина, па убедуваше дека Газда Нини е клучниот сведок, што „крунскиот сведок“ на СДСМ директно го демантираше. 

06.09.2014 - 14:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега