Автобус се преврте кај Демир Хисар - повредени неколку странски државјани

На регионалниот патен правец Демир Хисар-Кичево, помеѓу населените места Сопотница и Жван, кај местото викано „Грбла“ денеска се случила сообраќајна несреќа во која се повредени неколку лица, странски државјани.

Од СВР-Битола потврдија дека попладнево во 13:45 часот се случила сообраќајка, во која учествувале автобус и камион. 
 
- Во сообраќајната несреќа учествуваа автобус со скопски регистарски таблици кој сообраќал на релација Кичево-Демир Хисар и товарно возило камион со приколка кое се движело во обратна насока. При судирот на возилата повредени се неколку лица странски државјани кои веднаш се пренесени во Клиничка болница-Битола, информираат од СВР-Битола.
 
На местото на сообраќајната несреќа во тек е истрага за причините и последиците од тој настан, за што се вклучени стручни лица од полицијата и истражен судија.

06.09.2014 - 15:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега