ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја вулгаризира манифестацијата “Појадок на мост“

СДСМ ја вулгаризира манифестацијата “Појадок на мост“, која веќе стана традиционален настан, сакајќи да каже дека секој кој ќе дојде на појадокот е сиромашен и само затоа доаѓа, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. 

 Не знаеме дали од тие мотиви СДСМ ќе организираат ручек на локалитетот Три круши на 8- ми септември, но сакаме да ги потсетиме дека појадокот на мост има симболика на зближување, симболка на заедничко дружење, симболика на соживотот, симболика на еден заеднички живот во еден град на сите кои живеат во него.

 Ова не само во етничка или верска смисла, туку и пред се во смисла на човечност. Мостовите поврзуваат. Времето е минливо, сите живееме, старееме и ќе умреме. Убаво е додека сме живи да наоѓаме начини да сме заедно, помалку осамени, повеќе во дружба, помалку оддалечени, повеќе зближени и како луѓе и како етникуми и како вери и како граѓани на еден ист град во едно исто време на живеење.

 Конечно, појадокот на мост е несекојдневен настан кој останува во сеќавањата на луѓето. Ист ваков настан се одржува во многу градови. На пример Сиднеј секоја година одржува ваков настан на големиот мост. Доаѓаат илјадници луѓе. Сакаат заеднички да појадуваат и да бидат на исто место кое има симболика на поврзување. Македонија е единствена земја каде опозицијата и од овој настан прави политика, и се обидува да го вулгаризира.

Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

06.09.2014 - 15:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега