Гостиварец паднал од покрив додека поставувал олуци кај соседот

33- годишниот  жител на гостиварското село Добри Дол, тешко се повредил откако паднал од покрив на куќа, информираат од СВР Тетово.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 11:30 часот, во селото Добри Дол, кога Б.С. (33) поставувал олуци на куќа на негов соселанец. Непосредно по падот, тој бил пренесен во гостиварската општа болница. Таму му биле констатирани повреди по нозете и главата. Заради сериозноста тој итно е префрлен на скопските клиники.

На местото на несреќата е извршен увид, по што ќе се утврдуваат причините кои довеле до повредувањето на работникот. 

Во последниве две недели, во гостиварско регистрирани се четири случаи на несреќи при работа.

06.09.2014 - 15:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега