Прегазен пешак во Битола - возачот побегнал

Вчеравечер околу 19:45 минути во центарот на Битола се случи сообраќајна незгода на Широк сокак кај хотелот „Епинал“. Според локалната „Тера“ телевизија, непознат сторител со автомобилил „рено меган“ со битолски регистарски таблички удрил во пешак и заминал во непознат правец.

Од СВР Битола велат дека пешакот во безсознание е пренесен на Клиниката во Битола. Од болницата информираат дека пацинетот е на одделението за интензивна нега и реанимацијата.

Возачот претходно со автомобилот ги скинал синџирите кои во летниот период секоја вечер се поставуваат на улицата кај „Епинал“, со цел да се постави слободна и безбедна пешачка зона за прошетка по Широк сокак, а потоа удрил во битолчанецот.

07.09.2014 - 10:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега