Повредените турски туристи од сообраќајката кај Демир Хисар пуштени на домашно лекување

 

Пет туристи од Турција кои вчера беа лесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот патен правец Демир Хисар-Кичево, помеѓу населените места Сопотница и Жван, кај местото викано „Грбла“, утрово се пуштени на домашно лекување.

Портпаролот на Клиничка болница-Битола Јагода Стојановска потврди дека по укажаната итна медицинска помош турските државјани се чувствувале добро, а утрово се пуштени на домашно лекување.

- Сите пет лица беа примени со лесни телесни повреди и без опасност по нивниот живот. По укажаната лекарска помош и извршените здравствени контроли, странските државјани утрово ја напуштија болницата и се на домашно лекување, истакна портапролот Стојановска.

Како што е познато, вчера на регионалниот патен правец Кичево-Демир Хисар се случи сообраќајната несреќа во која учествуваа автобус со скопски регистарски таблици и товарно возило камион со приколка со тетовски регистерски таблици. 

07.09.2014 - 11:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега