Влатко Стефановски и „Танец“ ќе ги забавуваат крушевчани

Концерт на Влатко Стефановски вечер и на ансамблот „Танец“ утревечер ќе бидат одржани во Крушево, кој годинава е Град на културата во Македонија.

Концертите се организирани по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија,  кој е и ден на ослободувањето на Крушево од фашизмот пред 70 години.

Концертот на гитаристот Стефановски ќе почне вечер во 21 часот пред споменикот „Илинден“, а играорците од Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ ќе настапат утревечер на  градскиот плоштад во Крушево од 20 часот.

Како што информира општина Крушево, доколку временските услови не се поволни, концертите на Стефановски и „Танец“ ќе се одржат во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“.

На 9 септември, пак, ќе биде затворена 57. копаничарска изложба посветена на Петре Филипоски-Гарката, која деновиве се одржуваше во Крушево.  Завршувањето на изложбата ќе биде одбележано  со  гостување на битолскиот хор „Стив Наумов“, кој во храмот „Свети Никола“ во Крушево ќе настапи со духовна музика

07.09.2014 - 12:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега