Пукна тиквата во СДСМ

На СДСМ му се на­ре­ди­ја из­бо­рен по­раз, пре­тсе­да­тел­ски де­бакл, вна­тре­пар­ти­ски рас­цеп, со­се­ма не­раз­бир­ли­ви че­ко­ри, за ни­за­та, ба­рем за­се­га да ја за­вр­ши газ­да Ни­ни. „Бом­би­те“ од скан­да­ли, кои тол­ку гор­до ги нај­а­ву­ваа, се­га им „експ­ло­ди­раа“ в ли­це. Ин­фор­ма­ци­и­те де­ка ли­де­рот За­ев ба­ра ви­нов­ни­ци, пак, мо­же да до­ве­дат до „пу­ка­ње на ти­ква­та“ не са­мо во ра­ко­водс­тво­то, ту­ку и во це­ла­та и та­ка раз­ни­ша­на ор­га­ни­за­ци­ја на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја, пишува Република.

До­кол­ку слу­ча­јот „Ма­ке­дон­ска бан­ка“ бе­ше бом­ба­та што пре­тсе­да­телс­тво­то на СДСМ, по­точ­но Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска во својс­тво на втор чо­век на пар­ти­ја­та ја нај­а­ву­ва­ше по ме­ди­у­ми­те, то­гаш „пук­на ти­ква­та“ мно­гу по­сил­но од што кој би­ло од пар­ти­ски­от врв оче­ку­ва­ше. Ни­кој се­га не мо­же да го раз­бе­ре не са­мо оби­дот со из­бор­ни ла­ги, ма­ни­пу­ла­ции и кле­ве­ти да се за­ме­ни со­од­вет­на­та по­ли­тич­ка по­ну­да, ту­ку и оби­дот да се пре­ла­же и су­дот. Ка­ко де­те со заг­ла­ве­на ра­ка во тег­ла со џем, За­ев пред су­дот ба­ра­ше да се изо­ста­ви Ни­ни, а да се при­фа­ти ау­ди­ос­ним­ка на Ни­ни (?), по­тоа, ка­ко да не е пре­тсе­да­тел на по­ли­тич­ка пар­ти­ја и не­го­ви­те на­ста­пи да ги не­ма во си­те ар­хи­ви на ин­тер­нет-сер­ве­ри за ве­сти ка­де што не са­мо што пра­шу­ва ту­ку и стро­го твр­ди де­ка има вме­ша­ност на Гру­ев­ски во Ма­ке­дон­ска бан­ка. На крај, ви­нов­ни му се по­ло­ви­на ду­зи­на ад­во­ка­ти, кои беа дој­де­ни да го бра­нат.

На За­ев и се­га си­те му се ви­нов­ни. Та­ка ка­ко што си­те му беа ви­нов­ни за из­бор­ни­от по­раз. Но, ту­ка не е пра­ша­ње­то са­мо за ли­це­то Зо­ран За­ев. Тој е ли­дер на по­ли­тич­ка пар­ти­ја. Тој е пер­со­ни­фи­ка­ци­ја на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска оп­ци­ја во др­жа­ва­та. Чо­ве­кот што дој­де на тоа ме­сто за да вне­се ста­бил­ност во стра­те­ги­ја­та и во дејс­тву­ва­ње­то на по­ли­тич­ка­та оп­ци­ја, ко­ја по го­ле­ми­от пад од вла­ста пред ре­чи­си це­ла де­це­ни­ја, не мо­же да се кон­со­ли­ди­ра.

На по­че­то­кот на из­бор­на­та кам­па­ња од но­во­то ра­ко­водс­тво на пар­ти­ја­та ве­ту­ваа не са­мо про­гра­ма што си­те ја оче­ку­ваа ка­ко нов ве­тер кај со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, ту­ку и, ка­ко што ги нај­а­ву­ваа, ни­за до­ку­мен­ти што би тре­ба­ло да ги до­ка­жат не­пра­вил­но­сти­те и зло­у­по­тре­би­те на (и се­га) акту­ел­на­та власт. Се нај­а­ву­ваа „бом­би“ од до­ку­мен­ти. И отка­ко по пр­ви­от из­бо­рен круг бе­ше јас­но де­ка су­во­пар­ни­те ве­ту­ва­ња, по­ткре­пе­ни со уда­ри в гра­ди „јас сум ид­ни­от пре­ми­ер“, па­ѓа­ат во во­да, За­ев се свр­ти кон ал­тер­на­ти­ва­та – бом­ба­та на­ре­че­на слу­чај „Ма­ке­дон­ска бан­ка“.

Це­ли­от суд­ски про­цес не мо­же а да не се гле­да ка­ко пре­ли­сту­ва­ње на ка­та­стро­фал­ни­от ре­зул­тат на из­бо­ри­те за СДСМ. Ко­га и „крун­ски­от до­каз“ во цр­на­та кам­па­ња про­тив по­ли­тич­ки­те опо­нен­ти исп­ли­ва на по­вр­ши­на ка­ко ла­га и ма­ни­пу­ла­ци­ја, пред СДСМ се отво­ра со­се­ма би­стра сли­ка де­ка за да се но­си епи­те­тот се­ри­оз­на пар­ти­ја што пре­тен­ди­ра да ја освои вла­ста, мо­ра (кол­ку па­ти е са­мо по­вто­ре­но ова) да се под­го­тви се­ри­оз­на про­гра­ма, ко­ја од­го­ва­ра на проб­ле­ми­те на гра­ѓа­ни­те. Вто­ро и уште по­бит­но е зад таа про­гра­ма да стои чо­век, па и тим, кој ќе би­де столб на кре­ди­би­ли­те­тот на ка­жа­но­то, ве­те­но­то, па и на по­со­чу­ва­ња­та со прст кон опо­нен­ти­те.

Ра­ко­водс­тво­то на Зо­ран За­ев со „бом­ба­та“ нај­а­ве­на од не­го­ва­та за­ме­нич­ка Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска си на­не­се те­жок удар са­мо на се­бе. Таа „бум­ба“ се­га мо­же да пре­диз­ви­ка експ­ло­зи­ја, ко­ја ќе го рас­пу­ка СДСМ ка­ко зре­ла ти­ква. До­кол­ку се зе­мат пред­вид не­за­до­волс­тво­то ме­ѓу со­пар­тиј­ци­те за из­бо­рот на ли­ца­та на из­би­рач­ки­от спи­сок, гу­бе­ње­то на из­бо­ри­те, па ат­мо­сфе­ра­та за вре­ме на пар­ти­ски­от кон­грес на кој За­ев по из­бо­ри­те ус­пеа „да се изв­ле­че“ и да оста­не на ли­дер­ска­та по­зи­ци­ја, це­ло­то не­го­во вло­жу­ва­ње до не­го да оста­не Ше­ке­рин­ска, па иск­лу­чу­ва­ње­то на не­кол­ку чле­но­ви, лаж­ни­те ве­ту­ва­ња за раз­би­ра­ње­то за нив­ни­те че­ко­ри кај стран­ци­те, бој­ко­тот на пар­ла­мен­тот, па по­втор­но иск­лу­чу­ва­ње на чле­но­ви­те што се вра­ти­ја во со­бра­ни­ски­те клу­пи, од­не­су­ва­ње­то на За­ев се­га, за вре­ме на су­де­ње­то, ко­га по­втор­но се оби­де со ма­ни­пу­ла­ции да ја трг­не дам­ка­та од се­бе и ви­на­та ја ба­ра­ше кај дру­ги­те са­мо до­ка­жу­ва де­ка на таа пар­ти­ја ме­сто­то уште дол­го ѝ е  во „сен­ка“.

Но, од це­ли­от тој ам­би­ент од вре­ме­то на из­бо­ри­те – што и се иско­ри­сти за кле­ве­те­ње на­со­че­но кон вла­ста за вме­ша­ност во раз­лич­ни афе­ри, не­до­сти­га­ат не­кол­ку ли­ко­ви.

Пр­во, не­до­сти­га ток­му не­го­ва­та за­ме­нич­ка, по­ра­неш­на­та ли­дер­ка на пар­ти­ја­та, Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска, ко­ја нај­а­ву­ва­ше „бом­ба“ од афе­ра и до­ку­мен­ти. Ома­ло­ва­жу­вај­ќи го на­ве­де­но­то за ви­си­на­та на фи­нан­си­и­те од из­нај­му­ва­ње­то на сопс­тве­ни­от стан са­ма на се­бе, пре­ку ме­ди­у­ми­те ду­ри и со обид за ше­го­би­ен на­чин, нај­а­ви афе­ра, ко­ја е „бом­ба“ и ко­ја „ќе го по­ка­же кри­ми­на­лот во гла­ва­та на ри­ба­та“.

Вто­ро, не­до­сти­га ли­кот на Сте­во Пен­да­ров­ски, пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат, кој сто­е­ше до За­ев во па­ра­лел­на­та пре­тсе­да­тел­ско-пар­ла­мен­тар­на кам­па­ња.  Пен­да­ров­ски, гла­вни­от опо­нент во по­стиз­бор­но­то „пре­би­ва­ње“ на пар­ти­ски­те ре­зул­та­ти, а, да не се за­бо­ра­ви, и „фа­во­рит“ на екс­пре­тсе­да­те­лот Цр­вен­ков­ски, по­ра­ча де­ка ќе оста­не да ѝ по­мог­не на пар­ти­ја­та. И на За­ев, во не­го­во­то во­де­ње на пар­ти­ска­та по­ли­ти­ка.

Впе­ча­то­кот што го оста­ви­ја ро­чи­шта­та во слу­ча­јот Гру­ев­ски про­тив За­ев е де­ка За­ев е оста­вен сам на се­бе, од­нос­но на ду­зи­на ад­во­ка­ти. И де­ка и Пен­да­ров­ски и Ше­ке­рин­ска че­ка­ат во зад­ни­на се­га, по сè, За­ев да си ја пре­зе­ме од­го­вор­но­ста за по­ра­зот и за улич­на­та без­и­деј­ност во ко­ја ја втур­на пар­ти­ја­та. Се­ка­ко, тие двај­ца да оста­нат „не­чеп­на­ти“ во вр­вот на пар­ти­ја­та. Ако до­то­гаш оста­не не­што од неа.

07.09.2014 - 12:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега