Тетово: Пукал во мачка - ја застрелал сосетката

Пукал во мачка а ја погодил сосетката. 59 годишен жител на тетовско Доброште, вчера околу 16 часот во својот двор со ловечка пушка испалил куршум кон мачка која поминувала во дворот. Но наместо мачката, тој ја погодил 52 годишната сосетка. Куршумот завршил во нејзината лева надколеница. Повредената веднаш е префрлена во болницата во Тетово. Полицијата утврдила дека 59 годишниот И.М. пушката ја поседуал со дозвола. Се најавуваат мерки за расчистување на случајот.

07.09.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега