Полициски „Дифендер“ удрил во дрво - четири полицајци во болница

Вчера околу 21,00 часот на локалниот пат за с.Брест-с.Бродец, во близина на с.Бродец, се случила сообраќајна незгода во која униформиран полициски службеник, управувајќи полициски „Дифендер“, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и и удрил во дрво. Во незгодата, со телесни повреди се здобил возачот и уште четири полициски службеници. Тројца од нив се пренесени во скопската болница „8-ми Септември“, од каде по укажаната лекарска помош двајца се пуштени на домашно лекување, додека третиот е задржан на лекување. Останатите сопатници се пренесени во Ургентниот центар во Скопје каде констатирани им се телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Од незгодата причинета е материјална штета од околу 80.000 денари.

07.09.2014 - 13:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа