Скопје: Му фрлиле камен во автомобилот - еден повреден

Вчера  околу 23,30 часот во Скопје на бул.„Александар Македонски“бб, Ј.И.(32) од нас.Илинден-Скопје, движејќи се со ПМВ„Голф“, со скопски регистерски ознаки, во правец на излез од градот, непознат сторител, кој во тој момент, најверојатно, се наоѓал покрај оградата на кругот од фабриката „Алкалоид“, фрлил камен кон возилото, со кој целосно го искршил стаклото од десната врата од возилото и паднал на подот пред предното десно седиште. Од парчиња искршеното стакло нанесена му е телесна повреда (гребнатина во пределот на десната подлактица) на совозачот З.К.(50) од нас.Илинден-Скопје. Со предизвикувањето причинета е материјална штета од околу 3.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

07.09.2014 - 13:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега