Нападнати двајца малолетници во близина на мостот „Гоце Делчев“

Група од околу 20 непознати машки лица вчера во 21.30 часот во близина на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје ги нападнале Ш.Ш.(14) и неговиот братучед Ф.А.(14), двајцата од Скопје, кои биле во друштво на три женски лица на возраст од 14-15 години.

Како што соопшти денеска МВР, на Ш.Ш. и Ф.А. им пришло едно засега непознато машко лице кое по кратко време се вратило со група од околу 20 непознати машки лица и физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.

Двајцата нападнати со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Градската општа болница.

Од извршеното насилство лицата предизвикале страв кај трите женски лица кои избегале.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот

07.09.2014 - 14:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега