Рама:Македонија во НАТО доколку целосно го спроведе Рамковниот договор

 

Албанскиот премиер Еди Рама, Самиотoт во Велс го искористил да упати две значајни пораки, една за признавање на Косово од страна на земјите членки на Алијасата кои тоа до сега не го сториле и другата до Македонија доколку сака да стане членка на Алијасата, јави тиранската телевизија „А1 рапорт“.

Не прецизирајќи дали станува збор за цвртс услов, Рама изјавил дека Македонија треба прво да го исполни целосно Рамковниот договор, што е прва ваква изјава на албански државник.

- Сите треба заедно да работиме со поголем интензитет за да го отвориме патот за Македонија да биде членка на НАТО. Под А, неопходно е да се врши притисок врз страните за да се реши Одисеата на проблемот со името и под Б, треба да се бара од владата во Скопје да го почитува спроведувањето на Охридскиот договор“, нагласил Рама.

Албанскиот премиер ја нагласил и потребата од зачленување на други земји од Балканот во НАТО, почнувајќи од Црна Гора, за која Рама побарал покана во стратегијата за проширување.

07.09.2014 - 15:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега