Што се случува со Зоран Заев?

Маската  што ја облече на струмичкиот карневал е најзначајното остварување на Заев годинава, оценува неделникот Република.  Анализирајќи ги активностите на лидерот на СДСМ годинава, неделникот  ја критикува  неговата “ фејсбук –политика ”, која ја водеше за време на летниот распуст додека  ги избегнуваше медиумите.

Во последниве 120 дена Заев ретко го имаше и во медиумите контролирани од опозицијата што е најдобар показател дали неговите потези биле соодветни за позицијата – лидер на опозиција, која што е од огромна важност во секоја друга држава освен во Македонија во последниве неколку години. Се поставува прашањето, дали воопшто Заев со сериозност ја сфаќа позицијата која ја има

Според  Република трошка радост за Заев  и излегување од сенка е неговото појавување во судница  и покрај тоа што правдата и таму не беше на негова страна ,  односно треба да плати 50 000 евра за лагите и клеветите кон Груевски за продажбата на Македонска банка.

По кастастрофалниот пораз со над 200 илјди гласови кои му се случија на СДСМ, и конечното решение да се остане на кормилото на СДСМ по секоја цена, единствено што можеше да се очекува е лидерот на опозицијата веднаш по изборите да се закопа со работа, да посвети огромно внимание на реорганизирање на партијата, до последниот ешалон, како и да се посвети на изнаоѓање на нови кадровски решенија. Но, наместо тоа, се чини попривлечен му се виде одморот во Грција.

Критика до првиот човек на СДСМ неделникот упатува и до неговите надворешни активности. Додека Груевски со неговите балкански колеги во Берлин разговараше за иднината на Македонија и регионот, во друштво на Меркел, Австрискиот премиер. Заев во Струмица се срекава со дипломат од среден калибар во германското министерство за надворешни, заклучува Република. 

07.09.2014 - 21:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега